Вардар почнува на 7 јули, подготовките во Охрид, договорени се десет нови имиња!

4808

Се чини дека работите во Вардар како да се помрднуваат од мртва точка. Деновиве треба и официјално да завршат преговорите околу преземањето на нашиот најтрофеен клуб од страна на новиот спонзор. Сепак, како што дознава Спортмедиа, новото раководство кое допрва треба да биде промовирано наголемо работи околу планот и текот на подготовките и се разбира ангажманот на нови играчи.

Па така како што е познато, нов тренер ќе биде Горан Симов, кој на 7 јули ќе ја изврши прозивката. Планирано е од 23 јули до 5 август, вардарци да се подготвуваат во Охрид.

Од актуелниот состав, остануваат Дејан Блажевски, Филип Илиќ, Стефан Лазаревиќ, веројатно и Бојан Најденов како и 8-9 од младите кои важат за најперспективни во клубот и кои веќе имаа минутажа во минатата сезона во Првата лига во дресот на Вардар. Понуда да остане во Вардар има и Филип Петковски, но тој е пред трансфер во Индонезија.

Договорени се како засилувања, Оливер Пеев, Бењамин Демир и Борис Јакимовски од Беласица. Потоа Трајче Стојковски, повратникот Вилдан Керим од Косово, Дарко Гроздановски, Дарко Стојанов од Брегалница, Петар Љамчевски од Тиквеш. Се преговара и со голманот на Кадино, Стефан. Јакимовски, младиот репрезентативец на Македонија.

Се преговара и со уште двајца искусни прволигашки играчи, тие допрва треба да да кажат “ДА“.

ПретходноЗа Усман Дембеле заврши ЕУРО
СледноДијаспората на најјако, се чекира во Амстердам (ФОТО)