Подготовките за новата сезона ракометарите на Вардар1961 ќе ги почнат на 15 јули во Скопје. Во главниот град тимот ќе остане неколку денови, ќе ги обави потребните лекарски прегледи и ќе се тренира на физичката подготвеност.
Вардар 1961 предводен од Веселин Вујовиќ ќе замине на Златибор каде од 19 јули до 29 јули. По неколку дена престој во Скопје, тимот ќе се пресели во Струга, ќе земе учество на традиционалниот турнир.
Втората контрола, „црвено-црните“ ќе ја имаат во Магденург на „Хумел купот“. Се очекуваат точните датуми на овие турнири и ривалите за да може да се планира учеството.
Во август треба да се одиграат и двете четвртфинални средби од СЕХА лигата против ППД Загреб, и за тие натпревари се очекува потврда на точните датуми и саатници.
Вардар1961 ќе биде дел од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите и сега се познати десет екипи што ќе учествуваат: ППД Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Кил, Флензбург, ПИК Сегед, Кјелце и Порто. Другите шест места ќе бидат дополнително пополнети.