Гостивар во своите редови следната сезона ќе има македонски репрезентативец. Станува збор за Виктор Ефремовски кој доаѓа од редовите на Работнички.
Ефремовски од 2015 година е во тимот од “Градски парк”, претходно настапуваше за Вардар.
Тој се враќа во својот роден град. Гостивар немаше сезона за паметење, но најавува подобри игри во новата што доаѓа.