Дијаспората на најјако, се чекира во Амстердам (ФОТО)

823

ФОТО и ВИДЕО:Димитар Петковски

И покрај фактот дека вечерва на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам ќе ја нема онаа чудесна атмосфера од Букурешт, сепак Пандев и компанија и тоа како ќе ја имаат подршката од трибините против Холандија.

Македонците од западно европските земји наголемо купуваа билети за овој меч, и секако дека ќе навиваат за својата фудбалска репрезентација. Нема што, дијаспората е на најјако, таа веќе се чекира во Амстердам. Дел од фановите веќе се тука, некои и од пред два дена.

Тука се “Војводи“, потоа “Комити“ од Штип, како и уште многу други ќе биде весело на трибините.

Фото: Димитар Петковски

И сите сме за Македонија….

ПретходноВардар почнува на 7 јули, подготовките во Охрид, договорени се десет нови имиња!
СледноРаботнички го потврди Сухејљ Мухарем!