Франција во продолжение на ЕУРО нема да смета на услугите на Усман Дембеле. Фудбалерот на Барселона на дуелот со Унгарија поради повреда на десното колено беше изваден од игра.
Иако постоеше надеж дека Дембеле ќе биде подготвен за нокаут-фатаза, сепак од оваа репрезентација доаѓаат информации дека селекторот, Дидие Дешамп го тргнал од составот.
Лекарските прегледи покажа дека има оштетување на тетивата на коленото и тој нема да може да се врати на терените ова лето, што пак е голем удар за Барселона.
Франција е лидер во групата Ф, има четири бода, еден повеќе од Германија и Португалија. Противник во последниот меч од оваа фаза е селекцијата на Португалија.