Играјте за Пандев, играјте за Македонија…

196

Емотивен настап ги чека нашите херои доцна попладнево од 18 часот на “Јохан Кројф Аремата“ во Амстердам. За последен пат покрај себе, на теренот, ќе го имаат Гранде Пандев, иконата на нашиот фудбал, спортската икона на Македонија.

Капитенот вчера на прес објави дека мечот со Холандија, трет во групата Ц и последен за нас на ова ЕУРО, ќе му биде последен во дресот на Македонија.

Емотивен беше тренингот потоа, емотивен беше денот во нашата база во Амстердам во пресрет на простувањето од Гранде. Цела спортска Македонија е со емоции, па, се знае кој е Гранде.

Сега ништо друго не им преостанува на Елмас, Барди, Ристовски, Адеми, Алиоски, Димитриевски и останатите да одиграат и за својот предводник, за својот капитен.

Да одиграат најдобро што можат, најдобро во изминатите пет години откако се заедно со Гранде.

Да одиграат за него, да одиграат за Македонија, за сите нас.

Да се памети овој ден, и не само по простувањето на Горан “Велики“, туку и по добриот резултат и освоениот прв бод или бодови од деби настапот на нашата фудбалска репрезентација на едно големо натпреварување.

Ајде момци, за ГОРАН ПАНДЕВ, за МАКЕДОНИЈА…

ПретходноПочнуваме со 4-2-3-1: Пандев, Тричко, Трајковски во нападот, Ристовски како десен бек!
СледноРенова ги промовираше Борха и Серафимовски