Горан Пандев во 68. минута на „Јохан Кројф Арена“ беше изваден од игра, и тоа е момент за историја.
Пандев ја завршува репрезентативната кариера на овој меч со Холандија, на овој дуел на ЕУРО. Голема кариера заслужува голем крај, а таков го има и Пандев кој завршува со 112 настапи.
Сите му честитаа – репрезентативците направија шпалир, ракоплескаше и Снајдер, неговиот соиграч од Интер, стручниот штаб, премиерот Заев… Заслужи Гранде!