Дарко Велковски денеска полни 26 години. Па има ли поубав начин за “Кајзер“ Дарко, како што го нарекоа германските медиуми по онаа епска победа на Македонија во Дуисбург на 31 март, против Германија со 2:1, да го прослави својот роденден и тоа со меч на ЕП.
Еден од нашите најдобри фудбалери денеска ќе го одигра својот 31 натпревар во дресот на македонската фудбалска репрезентација. Убаво ќе биде со добар резултат вечерва на “Јохан Кројф Арената“ нашиот главен дефанзивец засекогаш да го запамети својот 26.роденден.
Се разбира дека Спортмедиа му го честита роденденот.