Македонија У17 на турнир во Италија

277

Младата репрезентација на Македонија во периодот од 22 до 28 јуни ќе биде учесник на меѓународен турнир за фудбалери до 17 години што ќе се одржи во Градишка, Италија. Покрај нашата репрезентација, на овој турнир ќе учествуваат и селекциите на Албанија, Русија и Словенија.

Првиот натпревар избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против Русија на 23. јуни со почеток од 18. Часот.

Селекторот Тони Јакимовски за претстојниот турнир се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Един Ајрадиновски (ФК ФЕРМАНА/ИТАЛИЈА), Давид Стојановиќ (ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.)

Oдбрана: Симеон Здравковски (ФК ЊУ СТАРС), Даниел Марковски (ФК ХЕЛСЕНБОРГ ШВЕДСКА), Андреј Аризанковски (ФК ПОБЕДА), Џеладин Амедовски (ФК СИОН ШВАЈЦАРИЈА), Марко Стојилевски (ВК ВАРДАР), Анес Малиќи (УЕФА АКАДЕМИЈА), Хадис Таири (ФК ЊУ СТАРС), Матеј Јаневски (ФК РАБОТНИЧКИ)

Среден ред: Сулејман Умерфарук (ФК ШКУПИ), Амир Нухија (ФК ШКЕНДИЈА), Мартин Ѓорѓијевски (ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), Мухамед Елмас (ФК РАБОТНИЧКИ), Кире Стојанов (ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), Зани Назифи (ФК ШКЕНДИЈА), Никола Манојлов (ФК РАБОТНИЧКИ), Бахри Јашари (ФК СТ. ПОЛТЕН/АВСТРИЈА)

Напад: Хакија Цановски (ФК СЕНТ ГАЛЕН/ШВАЈЦАРИЈА), Никола Величковски (ФК ВАРДАР)

ПретходноБлагојче Спиркоски новитет во Силекс
СледноСерафимов е нов играч на Залаегерсег