Манчестер Ј. и Реал не можат да се договорат за цената на Варан

427

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид не можат да се договорат за цената на дефанзивецот Рафаел Варан. Договорот на 28-годишниот дефанзивец истекува следното лето и тој одбива да потпише нов. Па така, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе се помирија со фактот дека Французинот ќе замине ова лето, но Шпанците сакаат да ја добијат највисоката можна цена за него, пренесува ESPN.

Манчестер Јунајтед е прв во редот за потписот на Варан. На „Олд Трафорд“ бараат дефанзивец за засилување на одбраната за новата сезона и ги насочија своите напори кон привлекување на репрезентативецот на Франција. Сепак, Англичаните беа непријатно изненадени од многу високата трансфер сума што Реал Мадрид му ја пласираше на дефанзивецот. Се претпоставува дека истата е 70 милиони фунти.

Во оваа фаза, Манчестер Јунајтед не е подготвен да даде толку висока сума за Варан. Приоритет за клубот е да го привлече Џејдон Санчо, за кого ќе бидат платени многу пари, а „црвените ѓаволи“ нема да имаат доволно за уште еден мегарансфер.

Во исто време, новиот тренер на Реал Карло Анчелоти се обидува да го убеди Варан да остане. Сепак, неговата задача е доста тешка, бидејќи покрај Манчестер Јунајтед, играчот го посакуваат и Челзи и ПСЖ.

ПретходноДонарума денеска ќе ги мине прегледите и ќе потпише за ПСЖ
СледноМина постигна автогол, Перу славеше над Колумбија (ВИДЕО)