Блажевска урна три македонски рекорди и се стекна со норма за настап во ЛОИ во Токио

464

Одлични вести доаѓаат од меѓународниот пливачки митинг „Белградски победник“. Миа Блажевска Еминова постави три нови рекорди на Македонија. На 100 метри грбно постави нов апсолутен и младински рекорд со време од 1:04.41.

Миа на 100 метри слободно постави постигна време од 57.13 секунди, со што се стекна со правото да ја претставува Македонија на Летните олимписки игри во Токио.

И Василиј Герасимовски постави нов рекорд на Македонија и тоа во дисциплината 50 метри слободно со време 28.63 во категоријата Помлади пионери.
ПретходноВардар тргнува на 15. јули: Златибор, Струга и Магдебург, се дел од агендата на Вујовиќ
Следно„Бербер“ ги средува фудбалерите во Амстердам, со нови фризури против Холандија