Пандев: Благодарам на сите, секогаш ќе бидам прв навивач на Македонија!

147

Горан Пандев за македонската телевизија непосредно пред натпреварот со Холандија, се заблагодари на сите.

„Благодарам до целата македонска јавност, до сите селектори, тренери, фудбалери, доктори, економи, физиотерапевти и сите кои беа околу мене во овие изминати 20 години. Благодарност до мојата фамилија која  ми беше најголема поддршка, до мојата сопруга Надица“, рече Пандев.

Пандев кажа дека е исполнет сонот, и дека секогаш ќе биде прв навивач на Македонија.

„Сакам на најнормален начин да се заблагодарам, секако благодарност на новинарите за поддршката, и среќен сум што сите заедно го остваривме сонот да ја гледаме Македонија на Европско првенство. Секогаш ќе бидам прв навивач на Македонија. Сега вечерва треба да дадеме максимум да се забавуваме со Холандија. Со еден позитивен резултат да го завршиме првенството.

ПретходноСити со официјална понуда за Кејн од 140 милиони, се чека крајот на ЕУРО
СледноМакедонските фанови подготвени – поддршката нема да недостасува (ФОТО+ВИДЕО)