Пандев се пошегува: Да ги тргнеме Кока-Колите да ставиме Струмка (ВИДЕО)

3437

Горан Пандев пред почетокот на вчерашната прес-конференција се пошегува не знаејќи дека се снима. Откако Кристијано Роналдо ја тргна Кока-Колата, голем број фудбалери фатија сеир, овие потези станаа хит на социјалните мрежи.

И Пандев влезе во ова друштво, пред да седне порача: „Да ги тргенеме Кока-Колите да ставиме Струмка“. 

Македонија денеска го игра последниот меч на ЕУРО, за противник ја има селекцијата на Холандија. Ова ќе биде последно танго на капитенот во дресот на националниот тим.

ПретходноРаботнички го потврди Сухејљ Мухарем!
СледноЧекаме Дијамантот да “блесне“, во Амстердам по 30. пат во дресот на Македонија!