Македонската кошаркарска легенда, и еден од најмакрактните ликови кои го носел дресот на МЗТ, Перо Блажевски е назначен за нов тренер на МЗТ Уни банка.
Поточно на вториот тим, кој исто така се натпреварува во првата лига. Блажевски ќе биде одсега одговорен за иднината на клубот што се вели затоа што во МЗТ Уни банка престојуваат претежно млади и перспективни кошаркари.
Блажевски се враќа во клубот по речиси две децении, и по оние легендарни слободни фрлања против Реал Мадрид и историскиот тирумф од 69:68. „Тишина е потребна“ е легендарниот коментар на уште полегендарниот Љубомир Николовски во тие моменти, а оваа фраза остана врежана во срцата на сите верни навивачи на овој клуб.
Сега, Блажевски се враќа во клубот бо кој остави огромна трага, и ќе проба да им го пренесе своето огромно искуство на младите момци за и тие еден ден испишат исторорија во дресот на МЗТ Скопје.