ПОЛУВРЕМЕ: Кога ВАР суди на наша штета! (ВИДЕО)

562

Возбудливо, интересно и нервозно полувреме играат Холандија и Македонија. Нервозата ја донесоа одлуките на судијата. Најпрво им забивме гол преку Тричковски, но ВАР го поништи. Копачката на Тричко беше проблемот. Продолживме со исто темпо, па потоа и стативата ја спаси Холандија.

Стартови над Адеми и Пандев, ама фаули нема. Потоа и во 25. минута над Пандев, но нема прекршок, се развива контра на Холандија и топката е во мрежата на Холандија. Водство преку Депај, Ковач чека ВАР, ама ВАР вели како одлучил, така… Погрешно, но не можеме и против ВАР.

Освен таа шанса, Холандија имаше уште 2-3 обиди, но промена на резултатот немаше. Македонија потоа се претвори во сосема поинаков тим по примениот гол, меѓутоа се покажа дека и Холанѓаните се ранливи.

 

 

ПретходноШтета! ВАР и стативата ги спаси Холанѓаните, а потоа поведоа со сомнителен гол (ВИДЕО)
СледноПријателска во Охрид: Шкендија со 2:0 славеше над Шкупи