Почнуваме со 4-2-3-1: Пандев, Тричко, Трајковски во нападот, Ристовски како десен бек!

1282

Македонија има намера и тоа како да ја нападне Холандија, последниот меч за нас на ова ЕУРО. Селекторот Ангеловски ја менува формацијата и ќе започнеме со 4-2-3-1, барем такви се последните најави.

Во нападот ќе бидат Пандев, Тричковски и Трајковски…

Се разбира Димитриевски на голот, Ристовски како десен бек, Алиоски како лев, стопери се Муслуи и Велковски. Адеми и Барди се двајцата задњи играчи за врска. Таа тројка пред нив е Трајковски, Елмас и Тричковски, и во шпицот Пандев кој денеска ќе го одигра својот 122 меч за Македонија, кој воедно ќе му биде последен.

Ако сакаме добар резултат ни треба игра како во првото полувреме со Австрија и како второто со Украина.

ПретходноКога Пандев имаше 22 години и кога Македонија одигра 0:0 во Амстердам! (ФОТО)
СледноИграјте за Пандев, играјте за Македонија…