Попладнево во Охрид се одигра пријателска средба меѓу Шкендија и Шкупи, двете наши екипи од четирите кои ова лето ќе играат во Европа. Триумф на шампионот со 2:0 и тоа со головите на Хебај во 24. и Ибраими во 75.минута. И двајцата тренери, Ѓока и Седлоски, им дадоа шанса на повеќе свои играчи на оваа контрола.