Она што Спортмедиа го најави пред два дена, денеска Работнички и официјално го потврди. Младиот напаѓач Сухејљ Мухарем (19) е нов член на клубот од Градски парк. Мухарем во минтата сезона играше за Ренова, а инаку е “дете“ на Шкупи.
Тој во наредните две сезони ќе го носи дресот на Работнички.
“Доведовме млад и перспективен фудбалер кој ги мина сите млади селекции на Македонија. Секако дека очекуваме нашиот тим да биде идеална средина за напредок во неговата кариера. Во следните денови ќе се засилиме со уште неколку нови имиња“ изјави спортскиот директор на “романтичарите“ Горан Станковски.