Рајо Ваљекано без Димитриевски обезбеди промоција во Ла Лига

495

Екипата на Рајо Ваљекано оствари победа од 2:0 на гостувањето кај Жирона во реванш плеј-оф дуелот за пласман во Ла Лига и успеа да обезбеди пласман во шпанската елита.

Тимот на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски загуби на првиот меч дома со 2:1, но затоа одиграа одлично на гостувањето и успеаја да ја надополнат негативата.

Димитриевски е дел од нашата репрезентација на Европското првенство, а на голот го менува синот на Зинедин Зидан, Лука Зидан.

ПретходноГвардиола решил да го купи Грилиш, па дури и по цена да го урне рекордот во Премиер лигата
СледноАтланта обезбеди финале на Истокот, Феникс почна со победа на Западот (ВИДЕО)