Никола Серафимов потпиша за Унгарскиот тим на Залаегерсег.
Македонскиот младински репрезентативец и досегашен член на тимот на Академија Пандев денеска стафи параф на договор со клубот од Унгарија и ќе настапува во една од најдобрите лиги во Европа.
Со ова завршува уште една сага летово во македонскиот фудбал затоа што реално за Серафимов беа заинтересирани доста клубови, но тој одлучи да замине во Залаегерсег.
„Секако дека сум задоволен од тоа како се разви ситуацијата. Пресреќен сум што станувам дел од вака голем клуб, и ќе се потрудам да ја оправдам довербата која ми дадена“ – изјави Серафимов за Спортмедиа.