Стефан Ристовски: Некои играчи мора да сфатат дека фудбалот се игра 90. минути!

1850

Впечатоците од дебитанскиот настап на македонската фудбалска репрезентација допрва ќе се собираат. Нашите момци не успеаја да дојдат до бод на ова ЕУРО, иако ја имаат поддршката од целата јавност, сепак тие жалат за пропуштените шанси, жалат што не успеаја да донесат уште поголема радост.

По поразот од Холандија, Стефан Ристовски, наследникот на капитенската лента, беше отворен и критичен.

„Доста се тешиме само со тоа што сме само тука на Европско првенство, и дека сме некакви херо. Не можам да кажам дека париравме добро, некои играчи не можат да сфатат дека фудбалот се игра 90 минути. Јас сакам уште да играм уште за репрезентативниот дрес. Вистина е направивме успех, но жал ми е што нашиот квалитет не го искористивме.

Сакам да им се заблагодарам на Пандев, Тричковски и Веколовски, не знам кој ќе се прости со националниот дрес. Одиме напред, останува да извлечеме една поука, бидејќи големите натпреварувања бараат концентрација, комуникација во игра, бараат перфекција во сите 90. минути. Не сме толку искусни како останатите. 

Секој меч е искуство. Но, не сакам да кажам дека ЕП само е искуство, јас тука не дојдов туристички, дојдов да земеме бодови, да ја израдуваме јавноста.

Што е тука е, на крајот на денот сме среќни, се мачевме да стигнеме до тука. Им благодарам на сите што дојдоа да не бодрат“, рече Ристовски.

Секако, со посебни емоции говореше за Горан Пандев, величина која и тоа како остави белег во македонскиот фудбал, спортист за пример.

„Горан треба да бидем пример за сите млади играчи, ако може Горан да игра на 38 години, да патува, да игра на две полиња, мора да се запрашаме зшто и ние тоа не можеме да го направиме. Горан е пример, остави белег во македонскиот фудбал, еден е Горан“, рече Ристовски.

 

ПретходноПандев: Срцето ми е полно, вечно ќе се сеќавам на овие моменти
СледноИштван ВАР де Ковач! „Убиецот“ на Македонија…