Струга ТЛ ги договори пријателските пред деби настапот во Европа!

176

За Струга Трим Лум ова лето ќе биде европско. Во првото коло од квалификациите во Конференциската лига, на 8 и 15 јули, стружани во својот дебитантски настап ќе се сретне со Лиепаја од Летони.

Во пресрет на тој двомеч, Струга Трим договори и три пријателски средби со квалитетни спаринг партнери.

На 24 јуни во Струга, ривал ќе биде составот на Партизани (Албанија), следува натпреварот со Шкупи два дена подоцна, а “генералката“ ќе биде против шампионот на Албанија, тимот на Теута на 30 јуни. Натпревар кој исто така ќе се одигра во Струга.

ПретходноМакедонските фанови подготвени – поддршката нема да недостасува (ФОТО+ВИДЕО)
СледноХоландија со голем гест – подарок за „Гранде Пандев“ на неговото простување од националниот тим