Тричко: Горд сум на овие млади момци што ми овозможија да заиграм на ЕП

282

Иван Тричковски беше стрелец на гол против Холандија за водство, но судиите го поништија поради офсајд. Нашиот напаѓач е презадоволен и покрај убедливиот пораз од Холанѓаните и тоа што го завршивме првенството без бодови.

Во целина сите треба да бидеме горди и задоволни. Имаме млади фудбалери кои можат да ја предводат оваа репрезентација во иднина. Јас лично сум многу горд на сите нив што ми овозможија на оваа возраст, да го доживеам и ова ЕП, овој сон што го имав од дете. Не сакав на ваков начин да завршиме, но тоа е тоа. Да беше признаен голот можеби поинаку ќе одеше натпреварот. Сепак, горди сме и одиме напред“, изјави Тричко.

ПретходноМакедонија е подобра само од Турција!
СледноБарди: Горан многу ќе ни недостига!