Хаџиевски потпиша за Хаџер: Среќен сум што се враќам во Саудиска Арабија

2076

Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски се враќа во Саудиска Арабија и повторно во клупски обврски. Тој стави потпис на едногодишен договор со Хаџер клуб кој се натпреварува во втората лига на Саудиска Арабија.

„Мило ми е што се враќам во Саудиска Арабија. Имам доволно информации за Хаџер, имам играно против нив. Тоа е клуб со искуство, го познавам нивниот претседател кој е екс-фудбалер. Сакам Хаџер да игра добар фудбал и да се врати во најсилната лига“, изјави меѓу другото Хаџиевски.

Минатата сезона Хаџер заврши на петтото место во Втората лига и не успеа да избори промоција во елитата.

Хаџиевски работеше во многу клубови ширум светот, беше во Хата и Ал Дафра од Обединетите Арапски Емирати, Ал Кадисија, Наџран и Ал Тавон од Саудиска Арабија, како и клубови од Бугарија, Азербејџан, Грција, Јапонија, Србија, во Македонија ги тренираше Пелистер, Вардар, Силекс, Беласица, а беше и селектор на Македонија.

ПретходноГРУПА Б: Белгија 100%, Данска e осминафиналист, Русија испадна, Финска во „чекална“
СледноАС: За Рамос ПСЖ е поинтересен од англиските великани