Чаланоглу потврди: Одам во Интер!

378

Досегашниот халф на Милан, Хакан Чаланоглу ќе се пресели во соседскиот клуб Интер. Ова го потврди и самиот фудбалер за турската телевизија „ТРТ спорт“.

„Да, постигнав договор со клубот. Утре летам во Милано за да го потпишам договорот“, изјави Чаланоглу.

Турскиот репрезентативец ќе го засили италијанскиот шампион како слободен играч откако реши да не го продолжи договорот со „росонерите“. Понудата на Интер била подобра, договор за три сезони и плата од 5 милиони евра плус 1 милион во бонуси.

ПретходноБРАВО: Маестрален гол на Дамсгард со кој стана најмладиот дански стрелец на ЕП
СледноГРУПА Б: Белгија 100%, Данска e осминафиналист, Русија испадна, Финска во „чекална“