Чиле пред исфрлање од Копа Америка: Си донеле проститутки во хотелот!

1057

Чилеанските фудбалери ги прекршиле сите протоколи за Ковид-19 за да можат да си донесат проститутки во својот хотел. Според дел од јужноамериканските медиуми сега им се заканува исфрлање од Копа Америка!

Поради растот на заболени со Ковид-19 во Јужна Америка, турнирот беше преместен во Бразил непосредно пред почетокот, а играчите се во целосен карантин за да не ризикуваат. Сепак, искусните фудбалери во составот на Чиле, Артуро Видал и Гери Медел во хотелот довеле проститутки, за кои Чилеанската федерација „се вади“ дека биле фризерки.

Сето ова се случило пред натпреварот со Боливија, кој Чиле го доби со 1:0. Сега на потег е Конмебол.

ПретходноАмериканците прават нов „Дрим-Тим“: И Дурент прифатил да игра на ЛОИ во Токио
СледноЃоргиев потпиша за Љубљана: Мојот сон е остварен, во овој град имам убави спомени од ЕП