Ѓоргиев потпиша за Љубљана: Мојот сон е остварен, во овој град имам убави спомени од ЕП

422

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев во следната сезона ќе го носи дресот на АЦХ Љубљана. За нашиот најдобар одбојкар ова ќе биде 17. интернационално искуство во неговата богата кариера.

“Многу сум среќен што дојдов во ваков организиран клуб. Го следам тимот уште како дете и мојата цел секогаш беше да играм тука еден ден. Имам убави спомени од Љубљана бидејќи тука го добивме натпреварот на Европското првенство во 2019 година со македонската репрезентација против домашниот тим. Тимот што се гради за следната сезона е многу силен и е во состојба да го води клубот до сите домашни и во европските натпреварувања“, изјави Ѓоргиев.

Во својата кариера настапуваше за ЏИО Струмица, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Б. Сакаи и Фридрисхафен.

ПретходноЧиле пред исфрлање од Копа Америка: Си донеле проститутки во хотелот!
СледноЕуро 2020: Финска и Русија „сонуваат“ осминафинале, Данска чека да и се склопат коцките