БРАВО: Маестрален гол на Дамсгард со кој стана најмладиот дански стрелец на ЕП

294

Данска води на полувреме против Русија со 1:0 со гол на младиот Микел Крог Дамсгард. Крилниот напаѓач реализираше на прекрасен начин со шут од околу 20-тина метри. Тој со 20 години и 353 дена стана најмладиот дански стрелец на европските шампионати.

Тој воедно е првиот фудбалер роден во 21 век кој реализирал на едно ЕП.

Дамсгард е играч на Сампдорија, а претходно ги бранел боите на Нордсјеланд.

ПретходноГРУПА Ц: Австријците првпат во осминафинале, Украинците на „чекање“
СледноЧаланоглу потврди: Одам во Интер!