Вентспилс се откажа од играње во летонскиот шампионат

1972

Летонскиот Вентспилс, ги инфомираше челниците на федерацијата дека нема да настапува во најсилната лига во Летонија. Не е познато дали ќе настапува во второлигашката конкуренција, или, пак, тимот по 24 години ќе престане да постои.

„Почитувани навивачи на ФК „Вентспилс“. Почитувани љубители на фудбалот. Најавуваме дека нашиот клуб го прекинува учеството на летонскиот шампионат во 2021 година. Секој знае со какви сериозни тешкотии се соочува нашиот клуб, и како резултат, стана непремостлив и доведе до ваква одлука. Би сакале да им се заблагодариме на сите навивачи. Особено им се заблагодаруваме и им велиме огромна благодарност на сите навивачи на ФК „Вентспилс“, кои беа со нас во овие 24 години“, се вели во соопштението на Вентспилс. 

Овој летонски тим играше против Тетекс во Лигата на Европа во сезоната 2010/11 и гп елиминираше тимот од Тетово.

 

ПретходноМален и Гравенберх ќе бидат двете нови имиња кај Холандија за мечот со Македонија
Следно“Кајзер“ Дарко денека во Амстердам ќе го прослави својот 26. роденден!