Еуро 2020: Финска и Русија „сонуваат“ осминафинале, Данска чека да и се склопат коцките

200

Со натпреварите меѓу Финска и Белгија, односно Русија – Данска, денеска ќе се комплетира 3. коло и во рамките на групата „Б“ на Еуро 2020. По првите две кола стана јасно дека Белгија веќе е осминафиналист, а денеска и со реми против Финска ќе го потврди првото место во групата.

Русија мора да победи или да извади реми (во случај Финска да не успее да ја победи Белгија) за да се пласира во осминафиналето. Финците, пак, ќе поминат во следната фаза со победа или нерешен резултат против Белгија, доколку Русија загуби од Данска.

Данска може да заврши како втора доколку ја победи Русија и Финска загуби од Белгија, но сето тоа ќе зависи од постигнатите голови на овие два натпревари. Математиката вели дека има можност Белгија, Русија и Финска да завршат со по 6 бода (пред Данска), па пласманот ќе се одредува според гол-разликата од натпреварите меѓу трите селекции.

ГРУПА „Б“

21.00 Финска – Белгија

21.00 Русија – Данска

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЃоргиев потпиша за Љубљана: Мојот сон е остварен, во овој град имам убави спомени од ЕП
СледноИ Филип Костовски во дресот на Македонија ЃП!