За нашиот национален тим заврши настапот на ЕУРО 2020. Пласманот е историски но резултатите на овој голем собир не се според желбите и очекувањата но се според реалноста. Бројките кажуваат едно а амбициите друго.
Нашиот државен тим со три порази и гол разлика 8:2 се враќа дома и го завршува настапот на ЕП како претпоследна селекција.
Од нашиот национален тим послаб е сам составот на Турција кој исто така не освои ниту еден бод, прими 8 гола (исто како и ние), но постигна само еден погодок.
Теоретски можеме да бидеме подобри само уште од Данска но ако оваа селекција загуби со 5:0 од Русија, што е невозможна мисија. Како за првпат и 23. место од 24 селекции и не е така лошо, со оглед на тоа дека ние на овој собир стигнавме преку Лигата на нации и најслабата „Д“ зона. Го оправдавме експериментот на УЕФА затоа што не разочаравме.