Одлични вести доаѓаат од меѓународниот пливачки митинг „Белградски победник“. Миа Блажевска Еминова постави три нови рекорди на Македонија. На 100 метри грбно постави нов апсолутен и младински рекорд со време од 1:04.41.
Миа на 100 метри слободно постави постигна време од 57.13 секунди, со што се стекна со правото да ја претставува Македонија на Летните олимписки игри во Токио.
И Василиј Герасимовски постави нов рекорд на Македонија и тоа во дисциплината 50 метри слободно со време 28.63 во категоријата Помлади пионери.