Холандија ќе настапи во силен состав, и покрај најавите дека ќе игра со втор тим во пресметката со Македонија. Меѓутоа најавите не се остварија, па Франк Де Бур не остава ништо на случајот, односно сака нова победа. Единствено Мален се најде во нападот, а Гравенберх во средината.
Штекеленбург е на голот на Холанѓаните, и тој е единствениот кој е постар од Пандев на ова Европско првенство.
Нашиот состав е оној кој го најави „Спортмедиа“, односно со Димитриевски на голот, во одбраната Велковски, Муслиу, Ристовски и Алиоски, во средниот ред Барди и Адеми како последни играчи за врска, пред нив Елмас, на страничните позиции Трајковски лево, Тричковски десно, и во нападот Пандев.