Горан Пандев пред почетокот на вчерашната прес-конференција се пошегува не знаејќи дека се снима. Откако Кристијано Роналдо ја тргна Кока-Колата, голем број фудбалери фатија сеир, овие потези станаа хит на социјалните мрежи.
И Пандев влезе во ова друштво, пред да седне порача: „Да ги тргенеме Кока-Колите да ставиме Струмка“.
Акциите на Струмка скокнаа за дополнителни 10,5 милиони €! 📈 pic.twitter.com/a52j4jzpH8
— Team Macedonia (@PrvaLigaMK) June 21, 2021
Македонија денеска го игра последниот меч на ЕУРО, за противник ја има селекцијата на Холандија. Ова ќе биде последно танго на капитенот во дресот на националниот тим.