Возбудливо, интересно и нервозно полувреме играат Холандија и Македонија. Нервозата ја донесоа одлуките на судијата. Најпрво им забивме гол преку Тричковски, но ВАР го поништи. Копачката на Тричко беше проблемот. Продолживме со исто темпо, па потоа и стативата ја спаси Холандија.
Стартови над Адеми и Пандев, ама фаули нема. Потоа и во 25. минута над Пандев, но нема прекршок, се развива контра на Холандија и топката е во мрежата на Холандија. Водство преку Депај, Ковач чека ВАР, ама ВАР вели како одлучил, така… Погрешно, но не можеме и против ВАР.
Освен таа шанса, Холандија имаше уште 2-3 обиди, но промена на резултатот немаше. Македонија потоа се претвори во сосема поинаков тим по примениот гол, меѓутоа се покажа дека и Холанѓаните се ранливи.