И еден од најдобрите македонски атлетичари Јован Стојоски ќе настапи на 32. Олимписки игри во Токио што ќе се одржат ова лето од 23 јули до 8 август. Стојоски доби вајлд карта и ќе се натпреварува на 400 метри.
Стојоски беше и наш претставник на атлетското СП во Катар во 2019 година.
Со тоа Стојоски им се приклучи на уште шест македонски спортисти кои засега имаат обезбедено учество на ОИ. Тоа се Дејан Георгиевски – Таеквондо “А“ Олимписка норма, Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А“ Олимписка норма, Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта), Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта), Филип Дерковски и Ева Петровска – пливање (вајлд карти).