На неколкумина по завршувањето на ЕУРО 2020 и доаѓањето дома им требаат денови за да се „стабилизираат“, но Елиф Елмас не мисли така.
Експедицијата во 13:30 часот се врати во Скопје од Амстердам, а Елмас веднаш се упати кон кејот на Вардар за да одработи лесен тренинг.
Навистина невобичаено, со оглед дека за репрезентативците сега следува одмор, пред враќањето на обврските во своите клубови.