Емотивен статус на Несторовски: Веќе ништо нема да биде исто без НАЈГОЛЕМИОТ!

1317

Илија Несторовски со емотивен статус го испрати Горан Пандев во репрезентативна пензија. Тој напиша дека повеќе ништо нема да биде исто после НАЈГОЛЕМИОТ, и дека е среќен што бил дел од оваа генерација која Пандев ја предводел на ЕП.

„Заврши Европско. Сонот наш од детство. Горди сме затоа што Македонија беше дел од елитата. Се пееше македонската химна, трепереа македонските срца, бевме тука заедно со најголемите. Вчера беше мечот со Холандија. Не сакавме да заврши, затоа што НАЈГОЛЕМИОТ ќе се збогува. И веќе ништо нема да биде исто, но ќе остане запишано во историјата, ќе го паметат геренации, ќе го прераскажуваат поколенија.
Неизмерно сум среќен и горд што бев дел од генерацијата што Гранде Пандев ја предводеше до Европско првенство. Се сеќавам кога дојдов првпат во националниот тим, а тој ме пречека како да се знаеме сто години. Ми подаде рака, и на мене и на сите останати, го сплоти ова семејство и не водеше кон најголемиот успех. И верувајте, бестрашни сме, затоа што знаеме кога е најтешко, тука е Гранде. Ќе даде гол, ќе асистира, ќе помогне со совет, ќе те бодри и кога не ти оди. Нема зборови за да се опише неговата големина.
Во Италија е фудбалско божество. Во земјата каде играа Марадона, Зидан, Ван Бастен, Дел Пјеро… Тоа е големина, тоа е величина, тоа е икона, тоа е легенда.
Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи. Може само да му биде благодарна што го има! GRAZIE CAPITANO“, напиша Несторовски.
ПретходноИ покрај фијаското на ЕП, Черчесов нема намера да си поднесе оставка
СледноЕлмас од ЕП право на кејот на Вардар! (ФОТО)