Познато е дека за нас настапот на ЕУРО заврши уште по вториот пораз на првенството, на 17 јуни со Украина.Но Македонија вчера го одигра својот трет, последен натпревар и токму затоа кога статистиката е во прашање таа е меродавна по сите одиграни мечеви.
За тие што ги интересира, еве ги податоците, оние најосновните од тие три средби, со Австрија, Украина и Холандија.
Одигравме три меча и на сите сме поразени. Постигнавме два, а примивме осум гола. Сме упатиле 32 удари кон протвничките голови, но само 8 во рамките на голот. Сме создале само една чиста шанса од 86 напади. Кога корнерите се во прашање нив сме ги имале само 10. Посед на топка сме имале 44%, а вкупно сме истрчале 318.6 км. Сме направиле 33 прекршоци и исто толку биле направени кон нас.
Имало и два пенали, еден “за“ и еден “протов“, и двата не се реализирани.
СТАТИСТИКА
Натпревари: 3
Победи: 0
Нерешено: 0
Порази 3
Голови: 2
(глава: 0)
(д.нога: 0)
(л.нога: 2)
Примени голови: 8
Удари вкупно: 32
Кон голот: 8
Надвор од голот: 16
Блокирани удари: 8
Корнери: 10
Напади: 86
Чисти шанси: 1
Дриблинзи: 44
Успешни пасови: 970
Посед на топка: 44%
Истрчани км: 318.6
Одбрани на голман: 14
Картони: 8 жолти
Направени прекршоци: 33
Претрпени прекршоци: 33
Пенали – за: 1/0
Пенали – против: 1/0