Еуро 2020: Хрватска со „британска виза“ во осминафинале (ВИДЕО)

801

Хрватите го фатија последниот воз за осминафинале на Еуро 2020. Вечерва на „Хемден Парк“, Хрватска ја совлада Шкотска со 3:1 и успеа само поради подобрата гол-разлика да ја мине Чешка на 2. место на табелата и да се пласира меѓу осминафиналистите.

Чешка која загуби од Англија со 1:0, се спушти на 3. место, но поради тоа што освои 4 бода како третопласирана оди во следната фаза.

Победата на Хрватска беше најавена со голот на Влашиќ во 17. минута, но Шкотланѓаните успеаја до крајот на полувремето да дојдат до израмнување со голот на МекГрегор (42’). Интересно е што голот на МекГрегор беше прв гол за Шкотланѓаните на Европските првенства во пауза од 15 години, откако не успеаја да погодат на претхододните два меча со Англија и Чешка.

Во вториот дел момците на Златко Далиќ успеаја да се надминат и да дојдат до двата потребни гола за комплетен триумф. Најпрво Модриќ со еден феноменален погодок во 62. минута ги доведе „коцкестите“ до 2:1, а Перишиќ во 77. минута ги постави конечните 3:1.

Англија беше доминантна против Чешка, но погоди само еднаш. Голот за победа беше дело на Рахим Стерлинг во 12. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноИталија откри дел од тајната на успехот: Слушаме наполитанска музика!
Следно11 НБА ѕвезди досега потврдија дека ќе играат за САД на ЛОИ во Токио