Американските медиуми користат се што е во нивна моќ за да дојдат до вистинската информација кога се во прашање големите НБА звезди.
Сезоната е при крај веќе се прават планови за следната, а во фокусот ќе бидат Лејкерси кои иако беа едни од фаворитите за титулата прерано завршија во плеј офот.
Па така, сега сите шпекулираат дека на веќе ветераснот Леброн Џејмс и на Ентони Дејвис потребна им е уште една голема звезда за да стигнат го титулата. Се редат имиња, а интересна е теоријата на медиумите во која се вели дека Расел Вестбрук е на пат за Лос Анџелес. Затоа што неговата сопруга Нина Вестбрук на Инстаграм ја заследиле, Ванеса Брајант, сопругата на трагично загинатиот Коби Брајант, но и самите Леброн Џејмс односно Ентони Дејвис. Тоа според Американската јавност е и повеќе од доволен показател дела семејството Вестбрук е на пат за Лос Анџелес.