Селекторот на Русија, Станислав Черчесов нема намера да поднесе оставка од кормилото по неуспехот на ЕУРО 2020 туку планира да продолжи да работи како предводник на националниот тим. Според „Спорт-Експрес“, селекторот не сака да поднесе оставка, а се придржува до договорот кој важи до завршување на СП 2022.
Русите завршија последни во групата со три бода, а убедливиот пораз од Данска во 3. коло ги исфрли од колосек. Финска беше трета, Белгија на првото место, додека Данска е втора.
Според „Спорт-Експрес“ Черчесов се поздравил со фудбалерите и им кажал дека ќе се сретнат во септември кога ќе бидат квалификациските мечеви за СП 2022.