Фудбалерите во 13:30 часот ќе слетаат во Скопје, тројца нема да бидат во чартерот

8160

Нашите момци денеска со чартер лет се враќаат во Скопје, според првичните информации треба да слетаат во 13:30 часот. Само тројца фудбалери нема да дојдат во нашиот главен град. Аријан Адеми се враќа во Загреб, Иван Тричковски во Кипар, додека пак Ѓоко Зајков за Белгија.

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши својата прва историска авантура на едно големо натпреварување. Три порази, два постигнати и осум примени голови, крајниот епилог на „рисовите“ на ЕУРО 2020, Македонија е подобра само од Турција.

Не освоија ниту еден бод, но тоа е најмалку важно, тие ги освоија срцата на македонската нација, имаа поддршка од првиот до последниот меч. Покажаа дека местото им е меѓу најдобрите во Европа, не дозволија да бидат „топовско месо“ за противниците.

Ова ЕУРО ќе го паметиме и по последниот настап на Горан Пандев во националниот дрес. Капитенот одлучи на ова големо натпреварување да стави крај на репрезентативната кариера.

ПретходноАС: За Рамос ПСЖ е поинтересен од англиските великани
СледноНоември 2015 – јуни 2021: Како Пандев од Македонија направи фудбалска нација (ВИДЕО)