Водечките светски медиуми му се поклонија на Горан Пандев

1112

Горан Пандев вчера го одигра последниот танц во дресот на македонската репрезентација. Гранде Пандев после 20 години одлучи да каже збогум, а тоа го стори на најдобар можен начин.

Како вистински лидер ја предводеше Македонија низ трнливиот пат до едно големо натпреварување, гордо стоше зад сите момци во сите порази и во сите победи. Го оствари својот сон – дојде на ЕУРО за крај на својата репрезентативна кариера.

Пандев ќе биде запишан во репрезентативната историја на македонскиот фудбал со златни букви, неговите дела никогаш нема да бидат заборавени, тој им постави високи цели на младите фудбалери, им го покажа патот на победниците, по кој треба да продолжат да чекорат во иднина.

Македонската гордост се најде во центарот на вниманието во светските медиуми. Горан Пандев е име и презиме во светот на фудбалот, а за тоа говорат бројните текстови кои странските новинари ги пишаа вчера, ги пишуваат пред и за време на Европското првенство.

Од „Eurosport“ до „Marca“…сите му се поклонија на Пандев.

 

ПретходноХаланд се договорил со новиот клуб, Дортмунд бара 175 милиони евра
СледноМАКЕДОНИЈА НА ЕУРО: Четворица со максимални 270 минути, петмина не добија шанса на ЕУРО!