Дејвис Куп: Македонија со максимални 3:0 го победи Косово!

667

Одличен старт на нашата тениска репрезентација на првиот меч во Дејвис Купот од четвртата зона. Македонија славеше над Косово со 3:0 и со тоа си зголеми шансите да биде една од првите две екипи на табелата и со тоа оди во третата зона на Дејвис Купот.

Прво на теренот во Скопје искочи нашиот репрезентативец Калин Ивановски, кој со 2:0 во сетови и без загубен гем просто си поигруваше со гостинот од Косово, Гранит Бајралиу.

Во вториот меч Горазд Србњак со 2:0 во сетови, и со само еден загубен гем го победи Косоварот Фреск Сулхаши, за 2:0 за Македонија.

И во третиот меч, оној во двојки, Калин Ивановски и Стефан Мицов исто славеа со 2:0 во сетови, а во гемови 6:1 и 6:1 за конечни 3:0 за Македонија на овој натпревар.

ПретходноИнстаграм вели, Вестбрук е на пат за Лос Анџелес
СледноАнтиќ го пречека Пандев (фото+видео)