Данска го завери местото во осминафиналето на ЕУРО, откако ја совлада Русија со убедливи 4-1 на последниот меч од групната фаза. Данските фудбалери за противник во следната рунда ќе го имаат составот на Велс.
За оваа репрезентација ЕУРО тргна со голем шок, на првиот дуел против Финска на теренот се урна Кристијан Ериксен, лекарите 15. минути се бореа да го вратат во живот, на крајот успеаја. Во првите две кола беа поразени од Финска и Белгија.
По вчерашната убедлива партија на социјалните мрежи се огласи и Ериксен, тој им го честиташе пласманот на своите соиграчи во осминафиналето.