ЕУРО 2020: Хрватска мора да ја победи Шкотска, сакаат ли Англичаните триумф над Чешка!

301

Денеска на програмата на ЕП се само два меча, и двата од групата Д. Во пресрет на мечевите Хрватска – Шкотска и Англија – Чешка (почеток 21 часот), се знае само дека Англија и Чешка се веќе во 1/8 финалето, и дека реми не им одговара ниту на Хрватска ниту на Шкотска. Значи ако сакаат Хрватите да не бидат елиминирани уште во групната фаза, секако дека тоа за актуелниот светски вицешампион би било големо понижување, тогаш мора да ја победат Шкотска. Истото важи и за Шкотите. Во случај на реми тогаш и двете репрезентации го завршуваат својот настап на ЕУРО.

Значи вечерва на “Хемпден парк“ во Глазгов ќе гледаме вистинска фудбалска војна.

Во Лондон на “Вембли“ во исто време ќе се игра вториот меч од оваа група, и тоа меѓу Англија и Чешка. И двете екипи се веќе во осминафиналето, но ќе се игра или нема да се игра се со цел да не се биде победник во групата.

Звучи чудно, но првиот од оваа група во 1/8 финалето ќе игра со вториот од групата Ф, каде што се Германија, Португалија или Франција. Додека вториот ќе игра со вториот од групата Е, каде што се Шведска, Словачка, Полска или Шпанија.

И сега што да се прави. Барем така размислуваат и Англија и Чешка. Пред ова коло Чешка е прва, Англија втора.

ПретходноРуски навивач се обиде, и на тоа остана (ВИДЕО)
СледноНемања Цветковиќ нов стопер на Работнички