И ѕвездата на Манчестер Јунајтед му се „поклони“ на „Гранде“ Пандев (фото)

5002

Горан Пандев против Холандија го одигра последниот меч за репрезентацијата. Нема поубаво нешто да се збогуваш со националниот тим на Европско првенство. На дуелот со Холандија „Гранде“ беше заменет во 70 минута, а нашите фудбалери му приредија шпалир. И холандските фудбалери му ракоплескаа на неверојатниот капитен.

Но честитки стигнуваат и од други страни. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш на својот профил на Твитер напиша: „Ова (фудбалот) не е само обична игра“ постирајќи го видеото во кое нашите фудбалери му се заблагодаруваат на својот капитен и лидер.

ПретходноАнтиќ го пречека Пандев (фото+видео)
СледноАтлетичарот Јован Стојоски ќе ја претставува Македонија на ОИ во Токио