Кармело Ентони, еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата, следната сезона би можел да заигра во Лос Анџелес Лејкерс. Ентони стана слободен агент, по две сезони поминати во Портланд. Тимот од „Градот на ангелите“ има намера да испрати понуда за него.
Популарниот „Мело“ може да биде одлична алтернатива за Кајл Кузма, кој најверојатно ќе го напушти клубот. Доколку се постигне договор, Ентони и Леброн Џејмс за првпат би играле во ист тим.