МАКЕДОНИЈА НА ЕУРО: Четворица со максимални 270 минути, петмина не добија шанса на ЕУРО!

993

Откако заврши нашиот настап на ова ЕУРО 2020, да видиме кој се од момците, кои беа 26 на број и кои беа повикани од страна на селекторот Игор Ангеловски, добија шанса и кој колку минути одигра.

Прво да потсетиме дека на сите три меча бевме поразени, од Австрија (1:3), Украина (1:2) и Холандија (0:3)

Па така Ангеловски од тие 26 кои ги имаше на списокот, тројца од нив беа како “резерви“ според правилата на УЕФА за ова ЕП, им даде шанса на вкупно 21 фудбалер.

Од сите тие кои најмногу беа на терен, односно имаат максимална минутажа од 270 минути, се само четворица. Тоа се Столе Димитриевски кој беше одличен, Езџјан Алиоски, Стефан Ристовски и Елиф Елмас од кого се очекуваше многу повеќе. Следуваат стоперите Висар Муслиу со 266 и Дарко Велковски со 265 минути. Потоа Аријан Адеми со 253 и Горан Пандев со 248 минути. Нашиот капитен на мечевите со Австрија и Украина одигра по 90 минути, додека со Холандија искочи во 68 минута.

Од друга страна ниту една минута не одиграа само петтмина, тоа се голманите Шишковски и Јанков, Зајков, Радески и Крсте Велкоски.

МИНУТАЖАТА НА НАШИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

Димитриевски (270 минути)

Алиоски (270)

С. Ристовски (270)

Елмас (270)

Муслиу (266)

Д. Велковски (265)

Адеми (253)

Пандев (248)

Барди (237)

Трајковски (176)

Николов (120)

Чурлинов (79)

Тричковски (69)

Костадинов (49)

Спировски (45)

Бејтулаи (27)

Хасани (22)

Аврамовски (13)

Стојановски (12)

К. Ристевски (5)

М. Ристовски (4)

Шишковски (0)

Јанков (0)

Зајков (0)

Радески (0)

К. Велкоски (0)

ПретходноВодечките светски медиуми му се поклонија на Горан Пандев
СледноОрганизиран пречек на нашите фудбалери на скопскиот аеродром